Безбедни ли се ефтините авиопревозници?
18 септември 2007Авионот од типот Мек Доналд Даглас МД 82, кој буквално се распадна при слетувањето на тајландскиот остров Пукет, е стар над 20 години. Очигледно ја нема и најновата безбедноста технологија која би можела да ја спречи несреќата, вели австралискиот професор и експерт за воздухопловство Роберт Хит:
“Кога ќе го видите авионот се гледа дека е стар околу 20 години, што значи дека не располага со модерна техника како поновите авиони. На пример нема современ радар за временска прогноза. Од друга страна авионите на Мек Доналд Даглас имаат многу тесни излези. Кога патниците во авионот не се соодветно наведувани како да излезат од авионот , може да настане вистински проблем и да не може да го напуштат леталото”.
Се штеди на персонал
Од друга страна факт е дека бројот на несреќи кај комерцијалните и компаниите кои нудат ефтини летови е речиси иста. Во Тајлад во последно време значително е зголемена конкуренцијата меѓу компании кои нудат ефтини авионски карти. Поради тоа се повеќе Тајланѓани одат на одмор со авиони. Може да бираат од мноштвото ефтини авиокомпании. За да се издржи во оваа војна на ниски цени, компаниите најчесто штедат на персонал. Колку посадата на авионот кој падна во Пукет била добро обучена за летање ќе се знае по анализата на црните кутии кои се веќе пронајдени. За сега се смета дека несреќата е последица на лошото време. Експертот Хит, објаснува кои се можните причини за падот.
“Три факти се многу важни. Временските услови биле лоши. Второ, е одлуката на пилотот како да реагира. Тој решил да го прекине слетувањето, а тоа е многу тешко за толку кратко време. Третата работа се однесува на воздухопловната компанија и на обученоста на екипажот”.
Експертите сметаат дека поради големата конкуренција на компании кои нудат ефтини летови во Јужна Азија, страда услугата на компаниите и безбедноста на патниците.