Беате Узе, жената која ги урна секс-табуата во Германија
Штефан Деге | Надин Војчик
25 октомври 2019
Ретко кој во Германија не го знае името Беате Узе. На денешен ден пред 100 години е родена жената која од еротиката и сексот создаде бизнис-империја и препознатлив бренд.
Беате Узе е една од најпознатите Германки од минатиот век. Нејзината животна приказна е не само приказна на успешна деловна жена, туку таа го отсликува и германското општество во тоа време.