Да се извади Галичица од туристичката сенка на Охрид. Тоа е целта на членовите на охридскиот алпинистички клуб Патагонија. Меѓу нивните бројни активности во таа насока беше и изградбата на планинарската куќа Спиридон, која нуди можност и за туристите поинаку да ја доживеат Галичица.