Шпанката Лаја се преселила во Смедеревска Паланка, каде секојдневно подготвува српски специјалитет - но на свој начин. Станува збор за Златиборската или „комплетна“ лепиња, која се полни со кајмак, јајца и прелив. Лаја ѝ додава и сушена шунка! Но, како Лаја се снаоѓа со српскиот јазик и менталитетот на луѓето?
Лаја пред неколку години од Барселона се преселила во Србијa. Секој ден подготвува традиционален српски специјалитет и им го нуди на гостите во нејзиниот ресторан „Лагано код Шпањолке“.
На почетокот немала многу, ниту го знаела јазикот, но успеала да го исполни својот сон. Во Србија живее со своето момче и бизнис партнер Андрија.