Вучиќ ја прекина посетата на САД откако му се слошило
3 мај 2025Реклама
На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се слошило во текот на посетата на САД, по што побарал лекарска помош. По прегледите и лекарските консултации, Вучиќ донесол одлука да се врати во Србија. Во текот на наредните денови кабинетот на претседателот би требало да ја информира јавноста за што точно се работи. Танјуг денеска (3.05) јави дека Вучиќ е веќе на пат за Белград.
Вучиќ во САД требаше да има средби со луѓе од врвот на Републиканската партија.
Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, му посака на Вучиќ што побрзо опоравување.
Тој на платформата Х му испрати порака на српскиот претседател дека му е жал и дека се надева оти сѐ е во ред.