Втора жртва од морбили во САД
7 април 2025Во САД почина уште едно дете заразено со морбили. Здравствените власти во сојузната држава Тексас објавија дека детето кое било позитивно на тестот за сипаници било примено во болница во Лабок и починало поради откажување на белите дробови како резултат на инфекција. Детето не било вакцинирано и немало познати претходни болести.
Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди на платформата Х напиша дека отпатувал во погодениот регион со сипаници за да се сретне со семејството на починатото дете. Таму и во февруари почина дете од морбили. Според локалните медиуми, тоа бил првиот случај на сипаници со смртни последици во САД во последните десет години.
Соединетите Американски Држави моментално се борат со пораст на инфекции со сипаници. Министерот Кенеди на X напиша дека досега се пријавени 642 случаи во 22 сојузни држави - од нив 499 во Тексас. Според здравствените власти во Тексас, повеќето од заболените таму се деца. Кенеди им вети на властите во Тексас помош во борбата против сипаниците и предупреди дека најефективниот начин да се спречи нивното ширење е вакцинација. Во претходните години, Кенеди често изразувашесомнежи во корисноста на вакцинирањето. Поради тоа имаше значителни критики за неговото назначување за министер за здравство.