Врховниот суд ги одобри масовните отпуштања на Трамп
9 јули 2025Врховниот суд, како највисок суд во САД, ги одобри плановите на владата за масовни отпуштања во американската администрација. Откако понискиот суд првично го запре планот, намалувањето наредено од Одделот за штедење, ДОГЕ сега може да продолжи.
Десетици илјади федерални вработени веќе се отпуштени откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата. Точниот број останува нејасен. Одделот за владина ефикасност (DOGE), поврзан со Белата куќа, тогаш уште под водство на технолошкиот милијардер Илон Маск, форсираше реструктуирање на државниот апарат, вклучително и масовни отпуштања, по налог на владата. Трамп ги оправда драстичните мерки со потребата од намалување на државните трошоци.
Меѓутоа, неговиот план беше привремено запрен во мај, кога федерален судија пресуди дека администрацијата на Трамп прво мора да добие одобрение од Конгресот за ова големо редуцирање.
Апелациониот суд подоцна ја потврди одлуката, но Врховниот суд на САД сега ја поништи - барем засега. Судскиот процес продолжува.
Судијката Кетанџи Браун Џексон беше единствениот член на Врховниот суд што гласаше против намалувањето на персонал, обвинувајќи ги своите колеги дека сакаат да прикажат „демонстративен ентузијазам“, да дадат „зелено светло за правно сомнителни дејствија од страна на овој претседател“, што тој го оправда со вонредна состојба.