Донбас – важен од многу причини
22 август 2025Сè уште станува збор само за непотврдени наводи во медиумите, но тие веќе предизвикуваат жестоки дебати воСАДи Европа. Рускиот претседателВладимир Путини американскиот претседателДоналд ТрампнасамитотвоАлјасканаводно се договориле декаУкраинаќе ги предадеДоњецкИЛуганскнаРусија.Но, дали воопшто може да ѝ се наметне на Украина таков чекор? Барањето на Путин е украинските вооружени сили целосно да се повлечат од подрачјето Донбас. За возврат, рускиот претседател нуди борбените дејствија да се замрзнат долж преостанатата линија на фронтот – посебно во регионите Херсон и Запорожје во јужна Украина, каде што руските трупи исто така држат значајна територија.
Доњецк и Луганск: украински – но, близу Русија
Путин во изминатите години повеќе пати го истакнува значењето на регионите Доњецк и Луганск, кои заедно го сочинуваат т.н. Донбас. Според неговите зборови, регионот е историски поврзан со Русија и наследството на Советскиот сојуз. Но, според меѓународно право, тој ѝ припаѓа на Украина - и тоа не било спорно дури ни во време на СССР. Додека на пример полуостровот Крим дури во 1954 година тогашниот шеф на советската влада, Никита Хрушчов го предаде на Украина - што и денес во Русија се смета за спорно - регионите Доњецк и Луганск се континуирано, од основањето на Украинската советска социјалистичка република во 1919 година, дел од Украина. И тоа долго време важеше за неспорно.
Донбас од секогаш бил под силно руско влијание. Уште во 19 век, а потоа и во советската ера, важеше за индустриско јадро богато со природни ресурси. Во цутот на времето на експлоатацијата на јаглен, индустријата за челик и хемиската индустрија, многу луѓе од целиот СССР, а особено од Русија, заминувале таму во потрага по работа. Па така уште пред 2014та година, најголемиот дел од тамошното население зборувало руски. Додека граѓаните од западните делови на земјата сакаа поблиски врски со ЕУ отколку со Москва, овој дел од источна Украина остана главно наклонет кон Русија. И Виктор Јанукович, поранешниот претседател близок до Кремљ, е роден во Доњецк и најсилна поддршка уживаше токму во регионот.
Донбас - камен на сопнување од 2014 година
Кога Јанукович во екот на Мајдан револуцијата во 2014 година беше симнат од власт и избега во Москва, Донбас дефинитивно се претвори во јаболко на раздорот меѓу Москва и Киев. Москва потоа го анектираше Кримскиот полуостров, додека во Источна Украина почнаа да се шират немири. Вооружени групи, поддржани со руско оружје и борци, прогласија создавање на самопрогласени „народни републики“ во Доњецк и Луганск. Во Москва се очекуваше Украинците кои зборуваат руски да го поддржат тоа, но таквото очекување се покажа како илузија. Војната на сепаратистите во источна Украина беше дочекана на нож. На претседателските избори во 2019 година гласачите убедливо го поддржааВолодимир Зеленски- и во деловите од источна Украина кои што останаа под контрола на Киев. Самиот Зеленски е пораснат со руски јазик; на широко одобрување наиде неговиот став е дека сака да го заврши конфликтот, а притоа да не се откаже од суверенитетот на Украина.
Донбас на почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година беше и еден од клучните мотиви на Владимир Путин. Тој тврдеше дека самопрогласените „народни републики“ Доњецк и Луганск побарале помош од Москва, образложувајќи ја со тоа неговата „специјална воена операција“ во Украина. Тој тврдеше и дека населението што зборува руски јазик во деловите од источна Украина контролирани од Киев, се соочува со „геноцид“. Таквите тврдења до денес не се докажани.
Зошто југоистокот на Украина е од големо геополитичко значење
Денес целиот Луганск и околу 70 проценти од Доњецк се под руска контрола. Тоа значи дека околу 88 проценти од целиот Донбас се под руска окупација. Се проценува дека во овие два региона живеат повеќе од четири милиони лица. Регионот не само што е богат со јаглен и руди, туку се претпоставува дека има и наоѓалишта на литиум, кобалт, титаниум и ретки минерали клучни за производство на важни технолошки производи. За Русија двете области имаат и стратешко значење поради нивната копнена врска со Крим.
Полуостровот од руска територија инаку е достапен само преку т.н. Керчки мост. Доколку Донбас ѝ припадне на Русија, а линијата на фронтот во Запорожје и Херсон биде „замрзната“ - што значи дека би останале под руска окупација - Крим за Русија ќе биде достапен и по копнен пат. Со тоа Украина трајно ќе биде отсечена од Азовско море - дел од Црно Море меѓу Крим и Русија.
Донбас како украински појас за утврдување
И за Украина, Донбас има големо - не само економско - значење. Во деловите што и натаму се под контрола на Киев, Украина формираше т.н. појас за утврдување, односно најважната одбранбена линија што ја спречува Русија да продре подлабоко кон централна Украина. Се работи за неколку клучни градови и утврдени позиции - Краматорск, Славјанск или Константиновка - кои Украина и покрај големите загуби упорно ги држи. Зад тој одбранбен појас се простираат широки, отворени рамници на централна Украина, кои без одбранбената линија би биле исклучително ранливи во случај на нова руска офанзива. Заради тоа за украинскиот претседател Володимир Зеленски, предавањето на преостанатите делови од Донбас не доаѓа в предвид - освен ако не постојат далекусежни и цврсти безбедносни гаранции. Но, и на внатрешно-политички план за него би било речиси невозможно да го спроведе тоа. Од една страна, уставот на државата му забранува да постапи така. Од друга страна, таквата мерка во Украина би била крајно непопуларна - според анкетата на Киевскиот меѓународен институт за социологија, околу 75 проценти од Украинците ги отфрлаат територијалните отстапки за Русија.