Лондон: Затворски казни за Бугари кои шпионирале за Русија
13 мај 2025Шест Бугари се осудени на затворски казни од нешто повеќе од пет до речиси 12 години за нивната улога во руска шпионска мрежа за која обвинителите велат дека вршела надзор од „речиси индустриско ниво“ за Кремљ.
Судијата Николас Хилијард ги изрече казните во Лондон во понеделникот.
Судијата Хилијард го осуди водачот на групата, 47-годишниот Орлин Русев, на 10 години и осум месеци затвор, велејќи му дека операциите кои ги раководел претставуваат сериозен ризик за националната безбедност на Велика Британија.
Шпионите работеле преку граници
Русев се изјасни за виновен пред судењето по едно обвинение за заговор за шпионажа за Русија, откако полицијата пронајде илјадници пораки меѓу него и и поранешниот директор на германската компанија Вајркард, Јан Марсалек, кој е осомничен дека раководел единица на бугарски државјани од странство. Марсалек, инаку се наша во бегство.
На судот му било кажано дека Марсалек дејствувал како посредник помеѓу руската разузнавачка служба и Русев, кој ја водел операцијата од поранешен пансион во Грејт Jармут, Норфолк.
Руската амбасада во Лондон не го коментираше случајот, иако Кремљ ги отфрла сите обвинувања за шпионажа.
Шестмината беа осудени за надзор врз новинари, дисиденти и украински војници кои биле на обука во американска воена база во Германија.
План за собирање податоци од мобилните телефони на украинските војници
За време на операцијата во Германија, шпионите планирале да пресретнат сигнали на мобилни телефони во касарната Пач, американска база во близина на Штутгарт за која се верува дека во неа се обучуваат украински војници за ракетниот систем Патриот.
Хилијард истакна дека обвинетите биле „мотивирани од пари“ и живееле „многу удобно“ со значителните суми што ги добивале. Иако не работеле директно за руските разузнавачки агенции, тој рече дека признале дека шпионирањето за Кремљ го сметале за „возбудливо и гламурозно“.